Мојата кујна

Брза солена торта со спанаќ и сирење

Состојки:

  • 1 шолја бело брашно
  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • половина шолја масло
  • 3 јајца
  • половина килограм спанаќ
  • 200 гр сирење (по избор)
  • 200 гр шунка
  • малку сол

Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени.

Во чинија измешајте бело и пченкарно брашно. Додајте прашок за пециво, јајца, масло, сол. Измешајте.

Додајте сварен и исечкан спанаќ, сирење, шунка сечкана на коцки. Добро измешајте.

Обложете плех со хартиа за печење, ставете ја смесата и печете 30-40 минути.

Напиши коментар