Секоја жена посветува посебно внимание на својата коса, но не секогаш има време да се погрижи за својата фризура. Погледнете ги овие прекрасни фризури кои се лесни за правење и нема да ви одземат многу време.
Романтичен јазол
Земете два прамена од страничните делови на косата, увртете ги и заврзете ги со ластиче одзади на главата, за да добиете мало опавче. Земете прамен од коса, веднаш под опавчето и сплетете плетенка. Плетенката обвиткајте ја околу опавчето и зацврстете ја со шнола. Едноставен начин за прекрасна фризура.

Дупла пунџа
Земете поголем прамен од горниот дел на косата и соберете го во мала пунџа. Потоа, веднаш под пунџата, земете два прамени од косата и направете втора мала пунџа. Вашата фризура е готова.

Елегантен јазол
Поделете ја косата на два дела и врзете две репчиња одзади. Потоа, двете репчиња поделете ги на два дела кои ќе ги сплетете еден околу друг. Сплетените делови врзете ги во јазол и вашата фризура е готова.

Пунџа со плетенки
Од страничните делови на косата земете два помали прамени и сплетете ги во плетенки. Целата коса заедно со плетенките фатете ја во репче. Репчето направете го во мала пунџа и зацврстете го со шноли.

Необично репче
Целата косата соберете ја во ниско репче. Прамените од страничните делови на косата сплетете ги во плетенки, а потоа префрлете ги едно преку друго и зацвртете ги со шнола. Репчето врзете го со три ластичиња и полека проширете ја косата во секое делче меѓу ластичињата.

Отмена пунџа
Соберете ја косата од горниот дел на главата во репче. Од репчето направете пунџа со чорап и краевите од косата сплетете ги во плетенки, кои потоа ќе ги замотате околу пунџата. Зацврстете со шнола.

