Мојата кујна

Брзи кифлички со џем, готови за 20 минути!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 200 г. маст

* 2 дц. јогурт

* 500 г. брашно

* 1 лажица шеќер

* 1 лажица сол

* 1 јајце

* 1 прашок за пециво

Додатоци:

– џем

– шеќер во прав

– ванилин шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ја маста со шеќерот и јајцето, па додадете јогурт, пециво и сол. Кога ќе го замесите тестото ќе забележите дека е навистина убаво и дека добро се развлекува.

Поделете го на два дела, забрашнете ја подлогата каде планирате да го развлечете со сукало, растегнете го во круг, и поделете го во посакуваната големина. Ние ви препорачуваме да ги направите помали, но во секој случај направете ги онака како што вам ви се допаѓаат повеќе.

Ставете во секој дел малку џем и замотајте.

Наредете ги кифличките во подмачкан плех и ставете ги да се печат. Кога ќе започнат да поцрвенуваат извадете ги од рерна.

Извалкајте ги во шеќер од прав измешан со ванилин шеќер.

 

 

Write A Comment