Art & Crafts

Брзо и корисно: Направете сами средство против комарци

Погледнете како ова лето да поминете без заштитни креми против комарци, но и да бидете сигурни дека не користите средства полни со отровни хемикалии кои можат да му наштетат на вашето здравје.

Иако постојат бројни производи против досадните комарци и бубачки, тие главно се полни со хемикалии. Погледнете како брзо и лесно ќе направите декоративни свеќи кои ќе ви помогнат да се одбраните од летните напасти на целосно природен начин.

Потребно ви е:

– малку ориз

– црвена боја за храна

– сина боја за храна

– масло од еукалиптус и лимон

– 2 чинии

– хартија за печење

– две мали свеќи

Untitleduuuuu

Постапка:

1. Рамномерно распоредете го оризот во двете чинии. Во едната додадете црвена, а во другата сина боја. Оставете малку ориз бидејќи ќе ви треба и бела боја. Добро промешајте го оризот во кој сте додале боја. Во секоја чинија додадете 10 капки масло еукалиптус и лимон, па промешајте.

2. Оризот потоа ставете го на харија за печење и оставете боите да се исушат. Во стаклени свеќници ставете син, па бел и на крајот црвен ориз.

3. На врвот ставете свеќичка и уживајте.

Напиши коментар