Cafe Del Mar

Брзо и лесно слабеење со кисело млеко

Според водечките нутриционисти воведувањето на два оброка кисело млеко дневно води до неверојатно добри резултати и ефикасно и брзо намалување на телесната маса.

Експертите тврдат дека киселото млеко и јогуртот ( се однесува на оние со ниска масленост ) заситуваат дури и при конзумација на многу мали количини што е еден од основните фактори за успешна диета – елиминирање на чувството за глад. Освен тоа другиот голем плус во случајот е тоа што јогуртот и киселото млеко содржат многу малку калории, а многу полезни материи.

Целта на оваа диета е да го започнете и завршите денот со порција кисело млеко. Наутро може да изберете само кисело млеко или пак кисело млеко во комбинација со овесни јатки или овошје. Ручекот треба да биде парче варено бело месо или риба (200 гр) и свежа сензонска салата. Навечер повторно треба да конзумирате порција кисело млеко и неколку белки од јајца.

За една недела се очекува да намалите околу 5 килограми. Ако кон диетата додадете и умерена физичка активност резултатите ќе бидат многу подобри. Освен што ќе ја намалите телесната маса ќе добиете и тонус.

Напиши коментар