Дестинации

Бурано – колоритна и интимна верзија на Венеција

Венеција спаѓа во онаа таканаречена „must see“ листа на градови. Таа е вистински рај, и доколку ја посетувате Италија знајте дека дефинитивно вреди да се посети. Меѓутоа, токму во тоа е и проблемот, што од оваа причина таа е постојано пренатрупана со река од туристи.

Доколку спаѓате во онаа група патувачи кои сакаат да стојат понастрана од метежот, на 45 минути бавно и релаксирано пловење со брод од Венеција ќе пристигнете во прекрасното Бурано.

Станува збор за магичен колоритен остров кој се протега во северниот дел на Венецијанската лагуна. Пред многу години, жителите на Бурано ги бојадисале фасадите на нивните куќи со цел да ги разликуваат едни од други. Со оглед на тоа што повеќето од нив се занимавале со риболов, на овој начин, благодарение на ведрите бои, тие од далеку можеле да си ја видат и распознаат сопствената куќа.

Традицијата опстојала и до денешен ден, па силните бои се и понатаму препознатлив знак за Бурано. Уникатна дестинација за секој љубопитен авантурист кој ужива во патувањата.

5818e0ba152e8fa3e90330378f74906f

48015a15ab66e6072339412156e819ad

587_italy

5310d21880079

1461620_1423438494592191_6928199477916265293_n

11007723_816928455011124_7985329592878420505_n

6540f9053aaf3c99c3559d080a72fa71

SONY DSC

burano_colours_4

burano_j

DSC6355-copy-1024x558

DSC6427-copy-copy-1024x680

DSC6458-789x1024

DSC6528-843x1024

img_9614

Italy-Venice-BUrano-or-Murano-19

o-148866818-900

o-159765572-900

Write A Comment