ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 120гр путер (плус путер за тавата)
* 150гр горко чоколадо
* 1 чаша брашно
* 1 лажица еспресо (може и инстант)
* 1/4 чаша какао
* 1/2 лажиче сол
* 1 шоља шеќер
* 1 чаша кафеав шеќер
* 3 големи јајца
* 1/2 екстракт од ванила
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Загреете ја рерната на 175 степени целзиусови. Тавата за мафини намачкајте ја со путер.
- Растопете ги путерот и чоколадото во сад со дебело дно.
- Во друг сад измешајте ги брашното, еспресо кафето, какаото и солта.
- Отстранете го садот од огнот и додадете го шеќерот и кафеавиот шеќер. Потоа додадете ги јајацата, едно по едно, добро мешајќи после секое. Потоа додадете го и екстрактот од ванила. На крајот додадете ја смесата со брашно и мешајте додека не стане хомогена.
- Смесата ставете ја во тава за мафини, а може и да користите хартиени корпи за печење.
- Печете на средна температура 10 до 15 минути.
