Мојата кујна

Целосно чоколадни колачиња со арома на кафе и ванила

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 120гр путер (плус путер за тавата)

* 150гр горко чоколадо

* 1 чаша брашно

* 1 лажица еспресо (може и инстант)

* 1/4 чаша какао

* 1/2 лажиче сол

* 1 шоља шеќер

* 1 чаша кафеав шеќер

* 3 големи јајца

* 1/2 екстракт од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Загреете ја рерната на 175 степени целзиусови. Тавата за мафини намачкајте ја со путер.
  • Растопете ги путерот и чоколадото во сад со дебело дно.
  • Во друг сад измешајте ги брашното, еспресо кафето, какаото и солта.
  • Отстранете го садот од огнот и додадете го шеќерот и кафеавиот шеќер. Потоа додадете ги јајацата, едно по едно, добро мешајќи после секое. Потоа додадете го и екстрактот од ванила. На крајот додадете ја смесата со брашно и мешајте додека не стане хомогена.
  • Смесата ставете ја во тава за мафини, а може и да користите хартиени корпи за печење.
  • Печете на средна температура 10 до 15 минути.

Напиши коментар