Cafe Del Mar

Четири чаеви што го топат целулитот

Целулитот ни создава навистина голема главоболка, можеби и затоа што никогаш не ја завршуваме битката против него.

Овојпат ви откриваме четири чаеви коишто го топат целулитот. Пробајте ги!

Кога добиваме на тежина, мастите се згуснуваат и создаваат дупчиња на кожата. А како што мастите содржат клетки коишто ја привлекуваат водата, течноста се вовлекува во липидниот слој и бројот на дупчиња сè повеќе се зголемува. Токму така настанува целулитот.

А, за да се ослободите од него, не мора да одите на скапи третмани. Помош може да пронајдете и во природата. Растителните чаеви се евтини и им се достапни на сите, не се штетни по здравјето, а некои од нив се вистински антицелулитни еликсири. Го поттикнуваат ослободувањето и исфрлањето на вишокот течности заробени во масните клетки, го намалуваат задржувањето на вода во липидниот слој, ја измазнуваат кожата и го забрзуваат процесот на слабеење.

Чај од магдонос

Една лажица исушен магдонос се прелива со 250 мл врела, превриена вода, и се вари уште две до три минути. Тргнете го од оган и процедете, и додадете сок од половина цеден лимон. Пијте по 250 мл, 30 минути пред ручекот и вечерата. Чајот од магдонос не треба да се пие пред спиење бидејќи е силен диуретик. Не би требало да се консумира ниту во бременост, ниту ако имате воспаление на бубрезите.

Чај од глуварче

Една мала лажичка иситнет сув корен од глуварче се вари во две и пол децилитри вода на тивок оган, од три до пет минути. Потоа, тргнете го од оган, па додадете 250 мл превриена вода. Оставете да отстои 15 минути, па процедете. Чајот се пие три пати дневно, по 250 мл.

Чај од петелки од цреша

Една рака петелки од цреша (Prunus avium) се варат околу две минути во еден литар вода. Чајот се остава да отстои 15 минути, се процедува, и се пие неколку пати во текот на денот.

Чај од ѓумбир

Добро измијте еден корен од ѓумбир, излупете го и исечкајте го на кругови. Ставете го во сад и прелијте со превриена вода – на околу сантиметар и пол ѓумбир оди околу 250 мл вода. Затворете, варете уште околу пет минути, па оставете да отстои околу 15 минути. Процедете, по желба засладете со мед или додадете сок од лимон. Чајот се пие уште додека е топол, три пати дневно, по 250 мл.

Напиши коментар