← НАЗАД НА БОЗА

Четири најголеми митови за мајчинството…

Четири најголеми митови за мајчинството…
556 Читања

Жените се подложни на споредбите со нереалните слики од реалниот живот и често мислат дека не се доволно добри. Ова не се однесува само на физичкиот изглед, туку и на мајчинството. Тие споредби  се наметнуваат од  рекламите за совршени мајки, од бестселерите кои ветуваат проверена формула во воспитувањето на децата, се до славните познати мајки, кои на прв поглед прават се со неверојатна леснотија.

Како мајка, секоја жена има многу обврски кои често не може да ги постигне, но тоа не значи дека е лоша мајка. Ова се четири најголеми мита  за мајчинството, во кои никако не треба да верувате.

Мит 1: На добрата мајка децата и се секогаш мили

Сосема е во ред во некои моменти децата да не ви се најмилото нешто на светот. Кога ги потиснувате тие чувства, имате поголеми шанси да да ја изгубите контролата и да се однесувате на начин за кој подоцна ќе зажалите.

Мит 2: Добрата мајка од првиот момент силно се врзува за детето

Во повеќето случаи кај жените веднаш се јавува силен инстинкт да го заштитат,   негуваат и засакаат своето дете. Сепак, понекогаш новороденчето во почетокот може да го доживеат како странец. Како кај секоја врска, така и во врската мајка – дете, чувствата се развиваат со текот на времето.

Мит 3: Добрата мајка се може сама

Секој познава барем една „совршена “ мајка – таа која секогаш има совршено чиста кујна, добро воспитани деца и успешна кариера. Сепак ние не ја гледаме во ситуации кога децата и плачат или кога се расправа со сопругот.

Мит 4: Добрите мајки секогаш се со децата и тие многу ја сакаат поради тоа

Понекогаш самата близина придонесува до непочитување. Не постојат студии кои покажуваат колку време е потребно да се поминува со децата за тие да Ве сакаат. Битна е интеракцијата: ако имате време да ги сослушате своите деца, да се смеете и радувате со нив,  правите да се чувствуваат сакано, ги учите да разберат колку меѓусебната поврзаност е важна за да се ужива во животот, тие ќе ве сакаат поради тоа, а не поради тоа што ќе им помогнете да се облечат или кога ќе им подадете чаша вода.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk