Повеќето деца учат да си го напишат името кога се во градинака, а ние ви предлагаме некои методи за учење за пишување на името, кои во исто време се едукативни и забавни. Додека го учите вашето дете да си го напише името, впрочем ги развивате неговите моторни вештини, но исто така го подготвувате за училиште.
Испечатете го името на детето како букви за боенка
Да го научите детето да пишува понекогаш е вистински предизвик. Направете ја оваа задача полесна така што ќе го испечатите неговото име како боенка кое детето ќе го обои. Користејќи текстуални или графички софтвери, изберете големи букви (large font) и селектирајте ја опцијата оцртување (outline). Напишете го името на детето и испечатете го.
Со молив во рака детето ќе биде фокусирано на боење на просторот помеѓу зададените линии, воедно ќе ги следи контурите на буквата од своето име. За да можете испечатениот модел на букви да го употребите повеќе пати, можете да ставите пластична проѕирна фолија преку хартијата или користете бриши-пиши маркери.
Цртајте со прсти по предметите од домаќинството
Дозволете му на вашето дете да ги научи движењата потребни за пишување на буквите од своето име, користејки го своето прсте. Употребете сол, шеќер, пена за бричење, песок, дури и пудинг, како алат за пишување. Солта и шеќерот можете да го исипете по рамен сад, за хаосот да биде минимален. Пената за бричење и пудингот прават поголем хаос, но некои деца ќе поминат повеќе време бидејќи им е интересно да се валкаат додека пишуваат. Можете да ја користите и чинијата од вагата за во кујна како подлога по која детето ќе пишува.
Пишувајте користејќи креда
Излезете со детето надвор и во игра продолжете ги часовите по пишување. Купете креда која одговара на дланката на вашето дете. Напишете го името на детето со големи букви и побарајте да го повторува вашето пишување. Играјте се со големината на буквите на неговото име додека не дојдете до големината која ќе ја пишува на хартија во училиште.
Користете пиши-бриши табла
Пишување на имињата, децата обожуваат да ги пишуваат на табла со бришење. Таа им овозможува да вежбаат, цртаат и пушуваат без потреба од хартија. Таблите имаат широка употреба и можете да ги користите на подолг период во развитокот на Вашето дете. Кога ќе го научите да го пишува своето име, можете да го научите да пишува и други букви. Можете да ја користите и за учење математика, мајчиниот јазик и многу други работи.
