Мода

Чипката е повторно во мода: Еве како да ја носите оваа сезона

Веќе неколку сезони се најавува дека чипката ќе излезе од мода и дека тулот и шифонот потполно ќе ја заменат.

Но, според претставените колекции од врвните светски дизајнери таа ќе владее и следните сезони.

И понатаму се модерни сите видови на чипка, везени на тул, а понекогаш и повеќе видови искомбинирани за подоминантен ефект.

Оваа сезона посебен акцент е ставен на чипката во бела боја и црна боја, иако кај некои дизајнери може да се видат елегантни тоалети во сина, жолта или црвена чипка. Доколку сакате чипка, оваа пролет и лето може да уживате во овој моден тренд.

 

Write A Comment