ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
275г. растителен путер
330г. шеќер во прав
60г. какао во прав
1 лажичка екстракт од ванила
20 бисквити
60мл. млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во загреан ставете го растителниот путер да се растопи. Потоа, во една чинија измешајте го шеќерот во прав, какаото, млекото, екстрактот од ванила и путерот. Добро промешајте додека не добиете хомогена чоколадна смеса.
Во длабока тепсија обложете хартија за готвење. Дното премачкајте го со дебел слој од чоколадната смеса, и наредете ги бисквитите едни до други. Повторете го овој процес додека не дојдете до посакуваната висина на колачот.
Редете ги бисквитите точно едни над други за да ви биде полесно сечењето. Ставете го колачот во фрижидер да се излади, извадете го, исечете и послужете го со шеќер во прав.
