Мојата кујна

Чоколадна торта со палачинки која секој може да ја направи

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За палачинки:

* 6 јајца

* 1 чаша обезмастено млеко

* Половина чаша слатка павлака

* Половина лажичка екстракт од ванила

* Малку сол

* Една четвртина чаша шеќер

За фил:

* 1 и пол чаша павлака

* 3 лажици какао

* 3 лажици шеќер во прав

* 1 лажица екстракт од бадем

За глазура:

* 250 г темно чоколадо

* 1 чаша слатка павлака

* какао во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Чекор 1:

Измешајте ги состојките за палачинки и пржете ги во путер (дебелина од 1-2мм).

Чекор 2:

Со миксер на средна брзина изматете ја слатката павлака постепено додавајќи шеќер. Матете додека смесата не стане густа. Постепено додавајте какао и матете рачно. На крајот, сипете го екстрактот од бадем, а можете и амарето или некој друг ликер по желба.

Чекор 3:

Чоколадата за глазура искршете ја на коцки и сместете ја во длабок сад. На тивок оган загрејте ја павлаката. Кога ќе почне да врие прелијте ја преку чоколадата. Мешајте додека не се стопат и коцките чоколадо, и не се претвори сè во течна смеса.

Чекор 4:

Сместете ја првата палачинка на послужавник, премачкајте ја со тенок слој фил, па преку неа ставете уште една палачинка Повторувајте го процесот сè додека не го потрошите целиот фил. Последната палачинка премачкајте ја со фил, па прелијте ја со подготвената глазура На крајот, посипете ја со како во прав и сместете во фрижидер да се стегне.

Совет:

Преостанатиот дел од глазурата можете да го оставите да се стегне, и од него да направите бомбици кои ќе ги употребите како декорација за тортата.

 

Напиши коментар