Мојата кујна

Чоколадни лазањи

Прекрасно задоволство, кое ќе го изненади Вашето сетило за вкус!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 грама кори за лазањи

250 грама марципан сирење

100 грама чоколадо за готвење

2 портокали

100 грама шеќер

50 грама какао во прав

2 кесички ванилин шеќер

2 јајца

50 – 100 грама мелени бадеми

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во солена вода обарете ги лазањите, спрема упатството. Кога ќе омекнат исцедете ги и исушете ги.

Во друг сад изматете ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер, додадете го сирењето, сокот од портокалите, изренданите кори од портокалите, сечканите бадеми  и изренданото чоколадо. Изедначете ја смесата.

Наизменично редете ред кори ред фил, последниот ред треба да биде фил. Посипете ги лазањите со какао во прав и печете на 170 степени Целзиусови 20 минути.

Вкусот ќе Ве изненади!!!

Уживајте!!!

Напиши коментар