Мојата кујна

Чоколадни мафини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 гр Екстра бело брашно

2 јајца

125 мл масло за готвење

250 мл млеко

200 гр шеќер

3 супени лажици прашок за печиво

1 супена лажица сол

5 лажици какао во прав или 100 гр растопено чоколадо за готвење

готов шлаг

трошки во боја

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во поголем сад ги матиме јајцата со миксер 1 минута. Потоа ги додаваме маслото и млекото и продолжуваме со матење. За кусо време го додаваме и шеќерот и продолжуваме со матење се додека не добиеме мазна смеса.

Потоа ги додаваме брашното, прашокот за печиво и солта. Матиме уште 2-3 минути. Во смесата го додаваме какаото или чоколадото растопено на пареа.

Смесата ја претураме во калапите за мафини во кои имаме ставено хартиени мали корпи.

Печеме во претходно загреана рерна на температура од 180 степени помеѓу 20 и 25 минути.

Откако ќе се оладат, секој мафин го декорираме со шлаг и трошки во боја.

Напиши коментар