Motherhood

Да му помогнеме на нашето дете тинејџер да се соочи со љубовното разочарување

Децата порано или подоцна ќе пораснат, јавно или тајно ќе ги покажуваат своите емоции, првите љубовни возбуди и емоционално ќе го искусуваат секој проблем во овие за нив сеуште непознати односи со спротивниот пол.

Кога нашето дете ќе се соочи со оваа непријатна болка – разделбата, нас не боли да го гледаме тажно, несреќно и збунето .

Но ние сме пред се родители и треба да му по0могнеме постепено да се врати на претходниот начин на живот.

Пред се, неопходно е да им објасниме на младите тинејџери дека такви ситуации се случуваат секојдневно и времето е најдобриот лек за “љубовните рани”.

Добро е да не сме агресивни, да бидеме трпеливи и да му покажеме на своето дете сочувство и поддршка.

Во таквите моменти децата не би сакале предавања од типот: “Ти реков дека овој не е за тебе” или “Тој те водеше по лош пат”.

Сега е време тинејџерите да сватат што е тоа љубов и не смееме да заборавиме дека и ние, исто како нив, сме поминале низ оваа фаза некогаш.

Обидете се да изградите чувство на доверба меѓу вас и него, затоа што во спротивно вие исто така ќе се претворите во повод за неговото лошо расположение.

Но најважно е да знаеме дека никогаш не е премногу рано за подготовките за лекциите на животот. Денеска децата се развиваат исклучително брзо и колку порано успееме да бидеме пријатели со нив, толку полесно ќе им помогнеме да се справат со непријателите на среќата.

Напиши коментар