Уметничките активности го поттикнуваат креативното размислување и помагаат при решавањето на сложените проблеми, тврдат научниците.
Децата кои сакаат да учествуваат во креативните активности имаат поголеми изгледи да бидат успешни изумители или да започнат сопствен бизнис подоцна во животот, велат научните истражувања.
Истражувачите од Универзитетот Мичиген ги проучувале дипломците од колеџот на кои изборни предмети им биле наука, технологија, инженерство или математика. Во таа прилика откриле дека лицата кои започнале сопствен бизнис или патентирале изуми, биле дури до 8 пати повеќе ангажирани во уметнички предмети во текот на раното школување, за разлика од остатокот од популацијата.
Се покажало дека во текот на студирањето, важна улога имало музичкото образование. Истражувачите дошле до сознание дека дури 93 проценти од успешните дипломци посетувале часови по музичко образование, додека кај останатата популација тој процент бил околу 34%. Испитаниците исто имале значајно учество и во глума, танц и креативно пишување.
Уметничките активности го поттикнуваат креативното размислување и помагаат при решавањето на сложените проблеми, тврдат научниците.
