Новости

Дали е време Ким Кардашијан да го смени својот стилист?

Ким Кардашијан никогаш немала проблем со тоа да биде во центарот на вниманието. Но, во последно време нејзиниот налин на облекување е се почуден, па многумина се прашуваат да не планира да го промени нејзиниот стил?

Таа многу често зборува за тоа колку и е потребно да се подготви наутро, а неодамна откри дека само за шминка и фризура и требаат два часа и цел тим луѓе! Секако тука не се вклучени и советите на нејзиниот стилист и пробувањето и изборот на облеката!

Ким значително го смени својот стил откако е со Кајне, обидувајќи се да постави нови трендови и да стане влијателна во светот на модата. Во една од своите емисии таа вели дека толку многу троши на облека што најверојатно нема да може да си ја купи куќата што отсекогаш ја сакала. Таа дури почна и да плаче при самата помисла дека нејзиниот лош стил на облекување негативно влијае на Канје, кога ги виде насловните во весниците.

Таа денес се дружи со познати дизајнери и ги краси насловните на престижни модни магазини. Сепак, многумина сметаат дека нејзиниот стил е веќе виден и дека е крајно време да направи промена, па ако треба и да го смени својот стилист.

Темнокосата убавица за премиерата на бизарното видео на Канје за неговата нова песна се појави во краток фустан во боја на кожа и сандали со проѕирни високи потпетици. Таа можеби не сакаше потполно да ја украде славата на својот сопруг, па го сокри своето бујно деколте со спортска маица во иста боја, што не е својствено за неа, нели?

Од друга страна пак, неодамна на ручек со бившиот партнер на нејзината сестра Кортни, Скот Дисик, Ким Кардашијан повторно носеше фустан во неутрални бои, со необични ракави и длабоко деколте и во комбинација со чизми до глужд во слична нијанса.

Покрај многуте едноставни комбинации, како што се маици и кратки тексас здолништа, тука се и поприлично чудните додатоци како што се широките јакни и преголемите и предолгите капути. Од тука многумина сметаат дека можеби Ким треба да заигра на картата на бои и да ги вметне во своите модни комбинации, или на некој поинаков начин да ги анимира своите фанови, бидејќи во последно време се поочигледно е дека да ја губи позицијата на најдобро облечена Кардашијанка, особено во однос на нејзината помлада полусестра Кендал..

Па, како вам ви се допаѓа нејзиниот стил? Дали сметате дека е време за промена?

Напиши коментар