Здраво тело

Дали имате проблеми со варење на храната?

Во денешно време тројца од четворица луѓе патат од лоша столица, стомачни проблеми и најлошото од се е што тоа не го кажуваат ниту се консултираат со лекар.

До што доведува оваа ситуација ?
Органот кој се грижи за столицата во организмот е дебелото црево. 
Се што желудникот и цревата нема да сварат, се што јетрата ќе исфрли, сите отпадоци и отрови кои се излачени од келиите на организмот доаѓаат и се таложат
во дебелото црево.

Телото, откако се ќе пристигне до дебелото црево е спремно да се ослободи од остатоците и тоа представува нормален развој на работите во организмот доколку вишокот на време.
Тоа се нарекува нормална столица. Но доколку тој цел процес не се одвива навремено, тогаш нешто не е во ред.
Наталожените отрови имаат време да пројдат преку ѕидовите на дебелото црево во крвотокот.
Тие ја трујат крвта и тоа онаа најчистата крв која е снабдена со корисните состојки на храната и која се спрема да тргне кон сите келии на организмот.

Доколку дојде до овој процес, тука настапува јетрата да спаси колку што може.
Јетрата се труди со целата своја енергија да ги одвои отровите и да ги врати во дебелото црево.
Тоа може да трае денес, утре но прашање е на време кога ова кружно движење на отровите во организмот ќе престане да функционира.
Лошиот тен на лицето, „тешкиот“ мирис на организмот, главоболката, лошото расположение, мозолките… тоа се симптоми кои веднаш се забележуваат.

Напиши коментар