Motherhood

Дали на моето бебе му е топло или ладно?

Една од многуте грижи на секој родител е поврзана со тоа дали на своето бебе му е топло или ладно и како да го одреди тоа.

Пред сè, потребно е да се стекне одредено искуство за да може прецизно да се одреди дали на бебето му е топло или ладно. Во првите неколку месеци од животот на бебето, потешко се одредува и се регулира неговата телесна температура. Во еден момент може да му биде топло, а за миг потоа да му стане ладно. Доколку бебето добро спие, редовно јаде, доколку е мирно и не плаче постојано, тогаш треба да бидете сигурни дека тоа е задоволно од температурата и секако од гардеробата која ја носи на себе. За да утврдите дали на бебето му е топло или ладно, може исто така да проверите и со допирање на неговите рачиња, нозете и главата.

Доколку се студени на допир, секако треба да го облечете во потопла облека или пак доколку спие убаво да се покрие. За да откриете дали на бебето му е претопло, тогаш тоа може да го препознаете ако постојано мрда со рацете и нозете. Секако во таков случај ослободете го бебето од вишокот на облека.

Кај бебињата кои се на постара возраст и децата, едноставно ќе одредувате според тоа дали на вас ви е топло или не. Ако на вас ви е топло немојте да му облекувате повеќе облека само затоа што е бебе, истото важи и кога на вас ви е студено.

Напиши коментар