Motherhood

Дали породувањето е болно за бебето

Дали некогаш сте се запрашале што чувствува бебето додека поминува низ тесниот родилен канал?
Сите мајки кои поминале низ прекрасниот момент на раѓање на своето дете знаат дека раѓањето е волшебен но не секогаш и лесен и безболен чин.

Истражувањето спроведено во 2012 година на Универзитетот во Лондон, со помош на снимање на мозочната активност, докажало дека бебињата започнуваат да чувствуваат болка во периодот помеѓу 35 и 37 недела од бременоста, уште додека се во мајчиниот стомак.

Сепак, сеуште не е потврдено дали бебињата чувствуваат болка за време на породувањето. Постојат одредени сознанија кои навестуваат дека бебињата чувствуваат непријатност што не мора да значи дека станува збор за болка во текот на истискувањето низ телото на мајката.

Пред да почнете да се грижите, имајте во предвид дека бебињата се создадени да можат со успешност да го поминат тесниот родилен канал. Во тоа патување им помага и фонтанелата, која што е мека и овозможува поголема флексибилност на бебешката глава. Токму поради тие причини многу често бебешката глава после породувањето има чуден облик кој наскоро се менува враќајќи се во нормала.

Write A Comment