Дали тврдењето на родителите дека немаат омилено дете е една голема лага?
Според едно истражување, се докажало дека сите родители имаат омилено дете, затоа што тоа им доаѓа природно. Но кое дете има поголема веројатност да биде омилено кај родителот?
Кое дете е омилено и зошто?
Се тврди дека детето кое е првородено, поголема е веројатноста да биде омилено затоа што родителите посветуваат повеќе време и енергија за него, а со тоа детето станува посилна личност. Сепак, мајките некогаш најмногу ги сожалуваат и сакаат најмалите деца.
Некои од родителите објасниле дека, не можат да кажат дека имаат омилено дете но, дека секое дете го сакаат на поинаков начин. Мајка на две деца, момче и девојче, одговорила дека подеднакво ги сака и ќерка ѝ и син ѝ, па не знае на кое дете побрзо да му посвети внимание. Други родители пак, кои имаат две деца, одговориле дека и двајцата имаат омилено дете, па така на ниту едно не му недостига внимание.
Но, не треба да се очекува дека некој од родителите ќе каже „ Јас повеќе си го/ја сакам…“
Што мислите вие?
