Здраво тело

Дами, внимавајте кога пробувате костими за капење!

Најновите истражувања поврзани со испробувањето на облека ги предупредува сите дами да внимаваат следниот пат кога ќе пробуваат костими за капење.

Според резултатите од истражувањето, жените треба добро да обрнат внимание кога купуваат костим за капење. Имено, повеќето женски костими за капење имаат залепена заштитна фолија како своевидна заштита од инфекции.

Меѓутоа, оваа заштита не е доволна гаранција за заштита од бактерии и разни инфекции. Она на кое што научниците не` предупредуваат е дека таа заштитна фолија е всушност полна со микроби.

Во текот на истражувањето најмногу нечистотии, бактерии и габички се пронајдени на костимите за капење и на долниот веш. Ова немало врска со продавницата во која се одвивало истражувањето. Валкањето на костимите се случува во луксузни продавници и во евтини бутици.

Иако жените секогаш се предупредуваат костимите за капење, а посебно долниот дел, да ги пробуваат преку долниот веш, многу од нив сакаат да видат како тој навистина им стои. Затоа, уште еднаш ве советуваме костимот за капење секогаш да го пробувате преку долниот веш и задолжително убаво да го исперете пред првото носење.

Напиши коментар