Motherhood

Децата ја наследуваат интелегенцијата од мајките

Научниците потврдија, можете слободно да велите „Паметна/ен сум на мама“. Според најновите истражувања, гените на интелигенцијата се сместени на хромозомот Икс, а бидејќи жените носат по два такви хромозоми, тоа значи дека е двојно поверојатно децата да ја добијат интелигенцијата од мајката.

Дури и ако таткото даде некој ген на интелигенција, големи се шансите дека тој нема да има влијание на мозокот, зашто, според студијата на „Психолоџи Спот“, ако истиот ген дојде од таткото, тој се деактивира. Од друга страна, другите гени дејствуваат спротивно, односно се активираат само ако доаѓаат од таткото.

Сакате уште докази? Медицинскиот совет за истражување и Единицата за науки на јавно здравство од САД направиле студија за мајките уште во 1994 година, итервјуирајќи млади луѓе од 14 до 22 години. Нивните прашања биле концентрирани на коефициентот на интелигенција (IQ) на децата, нивната раса, образование и социоекономски статус. Сепак, најдобар фактор за предвидување на нивната интелигенција бил коефициентот на интелигенција на нивната мајка.

Напиши коментар