Motherhood

Децата родени во есен се поотпорни на астма

Децата кои се родени во есен но и во зимскиот период поретко заболуваат од астма покажуваат германски истражувања.

Девојчињата се почувствителни од момчињата кога се белите дробови во прашање, па важно е во нивното опкружување да нема бактерии кои се најчести причинители на овие болести. Важно е најмладите да ги чувате од респираторни инфекции.  Во светот астмата е во експанзија, а стручните лица тврдат дека во најголем број на случаи е предизвикана од домашни алергени и честите настинки, но и загадениот воздух.  Симптомите се различни, од неизедначено дишење, кашлање и кивање, до стегање во градниот кош. Болеста најчесто се дијагностицира меѓу втората и петтата година.

Напиши коментар