Ако децата добиваат неправедни критики, тие учат да презираат…
Ако децата се заобиколени со непријателство и кавги во домот помеѓу родителите почнуваат да се тепаат со други деца…
Ако децата растат во страв, никогаш ќе немаат доволно храброст и самодоверба за да го направат првиот чекор…
Ако децата ги сожалуваш наместо да ги научиш да се борат, ќе направиш цел живот да се самосожалуваат кога ќе биде тешко наместо да се исправат кога ќе паднат…
Ако ги исмеваш, тие ќе научат да се срамат…
Ако децата живеат со чувство за срам, тие учат да се чувствуваат виновни дури и кога не е така…
Но…
Ако бидеш толерантен со нив, тие учат да бидат трпеливи…
Ако им даваш подршка тие учат да бидат самоуверени…
Ако децата добиваат пофалби, тие учат што е благодарност…
Ако се однесуваш кон нив со разбирање, тие учат да бидат великодушни…
Ако децата живет среде чесност и поштеност тие учат што е вистина и правда…
Ако децата живеат во сигурност, тие учат да веруваат во себе и во луѓето…
Ако децата живеат во хармонично семејство, тие постигнуваат внатрешна душевна хармонија…
Животот што децата го живеат е креаторот на нивната личност.
Како живеат твоите деца?
