Motherhood

Децата веруваат во сè што е напишано на интернет

Децата кои растат на интернет веруваат во сè што ќе прочитаат онлајн, открива истражување спроведено од британски Ofcom.

Децата на возраст од 8 до 15 години денес поминуваат двојно повеќе време на интернет за разлика од пред 10 години.

Бројот на деца кои веруваат во сè што ќе прочитаат на Гугл или на друштвените мрежи е двојно зголемен, вели истражувањето на британското телекомуникациско регулаторно тело Офком.

Воедно, предупредуваат дека децата кои растат со интернет ја губат способноста за критичко расудување.

„Децата не умеат да проценат дали нешто е вистинито или непристрасно“, заклучува Офком.

Скоро секое десетто дете кое користи интернет верува дека сите информации кои се пласираат на социјалните мрежи се вистински и точни, а една петтина целосно им веруваат на пребарувачите како Гугл и Бинг.

Истражувањето исто така открива дека сè повеќе деца користат Јутјуб за „точни и проверени“ информации за настаните од светот.

Напиши коментар