Состојки:
- 250 гр кекс (по желба)
- 125 гр путер
- 3 лажици кокос
- 2 зрели банани
- 250 гр крем сирење
- 3 лажици какао
- сок од 1 мандарина (може од лимон или портокал)
- украс по желба
Начин на подготовка:
Сомелете го кексот. Растопете го путерот, измешајте го со кексот, и кокосот. Притиснете во калап.
Заедно измешајте ги бананите и крем сирењето, па додајте какао и сок.
Мешавината распоредете ја по кексот. Ставете го колачот во фрижидер и оставете го половина час да стегне.
Колачот декорирајте го по желба – со растопено чоколадо или овошје.
Уживајте!