ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: (за 2 ролата):
* 2 жолчки
* 200g шеќер
* 2дл млеко
* 150гр чоколадо
* 250гр маргарин
* 250гр бисквити
* 8-9 чоколадни банани
* 2 листа обланди
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Жолчките, шеќерот и неколку лажици млеко изматете во пенаста смеса, а потоа додадете го стопеното чоколадо. Остатокот од млекото оставете го да зоврие.
Кога млекото ќе врие, додадете ја смесата од жолчките и варете на тивок оган со постојано мешање. Кремот нема да се згусне како пудинг, но додека се лади, ќе си ја добие густината.
Во оладениот крем додајте ги мелените бисквити и маргаринот кој пенесто ќе го изматите.
Листовите од обланда ставете ги на влажна крпа, да омекнат. Премачкајте ги со кремот, па наредете по неколку крем банани на самиот раб.
Заедно со влажната крпа мотајте ги обландите како ролат и оставете ги неколку часа да се оладат.
