Сега сме во сезона во која некако природно ни е да се “фатиме“ за потопли материјали, како во модните комбинации така и во домот.
Зимска идила е да се завиткаме во топло кебе покрај камин од кој се шири пријатна топлина но и звук од оганот кој пуцка.
Па затоа во овој ладен период, идеален детал кој ни се наметнува како ултимативна шик декорација е вештачкото крзно.
Како популарен трнд вештачкото крзно пристигнува во облик на тепих, но вашата креативност при уредување на ентериерот никако не треба да се сопре на тоа.
Вештачкото крзно може да се искористи на разни начини и тоа е она што за време на зимата ќе го направи нашиот дом модерен, а воедно ќе ни понуди и чувство на удобност и топлина.
Веруваме дека овој тренди детал совршено ќе се вклопи во различни простори во вашиот дом како и со стилот кој во него преовладува.