Мода

Детали кои ќе ја освежат секоја комбинација

На сите ни е познато она непријатно чувство кога не знаеме што да облечеме, особено кога треба да одиме на работа.

Сепак, постојат детали кои ќе ви овозможат да ги носите истите парчиња но на сосема нов начин и кои успеваат да ја освежат секоја комбинација.

Во прилог прочитајте ги нашите предлози:

1. Фустанот кој го носевте пред два дена ќе изгледа сосема поинаку, ако околу вратот ставите мала свилена марама.

Исто така секоја кошула или блуза можете да ја освежите на овој начин.

слика 01

2. Вечерните фустани со рамни чевли или балетанки можат да бидат апсолутно примерни и за дневна варијанта, дури и за на работа.

3. Марамата може да ви послужи и како ремен за да ја измените секојдневната комбинација.

4. Впечатлив ѓердан е најдобар начин се што е едноставно да го направите неверојатно интересно.

Без разлика дали станува збор за едноставен фустан или еднобојна кошула, со вистинскиот ѓердан ќе изгледа сосема поинаку.

слика 02

5. Фустаните ќе го променат својот изглед ако им додадете ремен околу половината. Ќе изгледаат шик и веројатно уште поубаво ќе изгледате во нив.

Напиши коментар