Cafe Del Mar

Диета 5:2

Една од хит диетите во Велика Британија е токму оваа 5:2 диета, а причината за толкавиот интерес е во тоа што им е намената на оние луѓе кои сакаат да јадат.

За што се работи?

Диетата 5:2 е создадена врз проверени теории, како резултат на научно истражување кое започнало во 2006 година во Велика Британија. При тоа се истакнала поврзаноста помеѓу зголемената тежина и ракот на дојката. Затоа, одржувањето на идеалната телесна тежина е еден начин за превенција од многу тешки болести.

Како работи?

Постојат три главни чекори до кои морате да се придржувате:

  1. Пост – се држи два дена во неделата, но не веднаш еден по друг
  2. Јадете нормално но здраво, 5 дена во неделата
  3. Три пати неделно, оние денови кога не постите, вежбате по 30 минути.

Ова се основните принципи на диетата. За време на постот, нутриционистите предлагаат тоа да бидат оние денови во неделата во кои не сте премногу зафатени и во кои од вас не се очекува преголем интелектуален напор. Многумина го избрале понеделни и четврток за неделата да им започне здраво, а за време на викендот да можат да си уживаат. Во текот на посните денови, забранети се: леб, житарки, скроб, мешунки, лоши маснотии, шеќер, а се потенцираат свеж и варен зеленчук, производи од обезмастено млеко и протеини надополнети со малку јаткасто овошје. Во посните денови, на жените им се препорачува да внесат храна со максимум 500 калории, а на мажите 600. Три пати неделно, во деновите кога не постите, вежбајте по 30 минути.

Во текот на нормалните 5 дена важно е да не внесувате повеќе од 2000 калории дневно, зашто диетата нема да има никаков ефект ако се прејадете следниот ден после постот.

Диетава 5:2 може да биде клуч за вашиот успех. Пациентите со ваков режим на исхрана, во просек изгубиле по 4 килограми, за разлика од оние кои држеле диета со редуцирана исхрана.

Што да се јаде во посните денови?

Еве еден предлог за „посно“ мени од 500 калории

Појадок:

Зелен чај, меко сварено јајце

Ручек: чорба од зеленчук, пресен зеленчук (зачинет со супена лажица масло од маслодајна репка и лимон), јогурт

Ужина:

Јаболко, еден рака бадеми или лешници или кафе со млеко

Вечера:

Крем чорба од зеленчук (гаспачо), риба, зеленчук, чај без кофеин

Што може да се пие?

Многу вода. Колку повеќе вода пиете толку побрзи резултат имате. А водата ќе ви помогне и во моментите кога ќе почувствувате глад. Алкохолот е дозволен само во нормалните донови и тоа во нормални количини.

Во кое време може да се јаде во оваа диета?

Тие 500 калории можете да ги јадете во еден оброк или да ги поделите на неколку помали, што е поздраво. Експериментирајте малку и видете како ви одговара најмногу. Можете да си ја дозволите храната која ја сакате, но се во рамките на нормалата.

Што во нормалните денови?

Во овие денови е важно да не уживате во брзата храна и да имате три главни оброци дневно.

Зошто оваа е диета е толку добра?

Добра е за здравјето

Во текот на постот, во организмот се одвиваат посебни биолошки реакции. Се намалува нивото на инсулин, лептин, шеќер, холестерол во крвта а се намалува и артерискиот притисок додека целото тело се детоксифицира.

Не исцрпува

Тешко е со недели да се живее на варен зеленчук и посно месо. Но ако се контролирате 48 часа неделно, нема да биде тешко.

Не влијае врз социјалниот живот

Со традиционалните диети, набрзо ќе станете личност која го мери секој залак и тешко дека ќе бидете омилена меѓу пријателите. Со 5:2 диетата, тоа се менува, зашто можете да бидете на умерен пост тогаш кога вам тоа ви одговара. И што е најважно, двете недели кои опуштено сте ги поминале на одмор, воопшто нема да влијаат на постигнатиот резултат.

Го поткрева моралот

Резултатите се видливи веќе во третата недела и токму тоа што нема режим и изгладнување дава поттик да се издржи.

Одлична е за силуетата

Една од бројните предности на оваа диета е што нема губење на мускулната маса. Така што слободно уште од сега кажете им „збогум“ на наслагите околу стомакот.

Пет дена без ограничување

Ова секако е најдоброто од оваа диета. Пет дена во неделата можете да јадете се што сакате, но сепак, пожелно е да се одлучите за исхрана како медитеранската на пример. Значи изборот е во вашите раце, но не претерувајте со хамбургерите, помфритот, печивото и алкохолот.

Потполно задоволство

Во диетата ред чоколадо е дозволено. Полномасно сирење два до три пати неделно? Исто така. Сладолед или палачинка? Зошто да не?

Минимум вежби

Иако овој режим на исхрана е делотворен, сепак, не е волшебен. За да се остане во форма, треба да се биде во движење. Во деновите кога не сте во пост, половина час брзо одење или возење со велосипед го забрзува топењето на мастите и ги исфрла токсините.

Одржување на долги патеки

Што после? За да не ги вратите изгубените килограми, доволно е да постите еден ден во неделата или два споени денови во две недели. Тоа е барем лесно изводливо.

Напиши коментар