Cafe Del Mar

Диета од 8 часа: Чудо кое веднаш ќе ви намали 4 килограми

Оваа диета ја нарекуваат и најкратката диета на светот…

Дали сте слушнале за диетата од осум часа? Едноставно, се ви е дозволено за јадење, но само доколку јадете во период од осум часа во текот на денот.

На прв поглед се чини многу едноставно, но не е баш така. Постојат неколку правила до кои морате строго да се придржувате за резултатите да бидат видливи. Пред се, јадете само осум часа во денот, а во останатите 16 ви е дозволено да пиете само вода или билни чаеви и лимонада без шеќер.

Експертите советуваат тие осум часа да бидат во периодот од 9 до 17 часот, доколку сте во можност, бидејќи така се постигнуваат најдобрите резултати.

Секако, оваа диета дозволува тие осум часа да не бидат во исто време секој ден, можете да ги менувате како што ви одговара, но внимавајте да бидат исклучиво само осум часа.

Исто така, просторот помеѓу главните оброци нека не биде помал од четири часа. Она што ви ја олеснува оваа диета е менито. Имено, дозволена ви е секаква храна, но сепак не претеруваjте со нездравата храна.

 

Напиши коментар