Cafe Del Mar

Диета со долготраен ефект

Пролетта за многумина е период кога се почнува со диети, режим на исхрана, слабеење. Ние ви предлагаме диета која не само што ќе ви ги намали килограмите туку тоа и ќе потрае. За разлика од другите диети кога веднаш по завршувањето на диетата ги ваќате килограмите со оваа диета тоа не е случај. Пробајте.

Опција 1

Појадок: чај или минерална вода со лимон, 2 зелени јаболка

10 часот: 2 парчиња двопек, намачкани со обезмастена урда, 1 чаша свежо цеден сок

Ручек: зелена салата, 1 чаша варен ориз или хељда, 150 г риба на скара, 1 варено јајце

16 часот: 1 варен компир

Вечера: супа од зеленчук со 1 двопек

Пред спиење: 1 чаша нискомаслено млеко или билен чај

 

Опција 2

Појадок: 1 парче интегрален леб со парче посна шунка, кафе со нискомаслено млеко

Ручек: печен компир или обарена зелка со малку печено пилешко

Ужина: еден ред црно чоколадо

Вечера: 200 г пилешко или риба приготвени без масло со зелена салата

Ако сте љубител на грцки и благ тогаш оваа диета тешко ќе ви дојде за тоа што нивното конзумирање е строго забрането ако сакате да има ефекти. стото важи и за алкохолот и газираните сокови. Единствено можете да си дозволите 1 до 2 чашки во неделата црвено или бело вино.

Напиши коментар