Ја знаете изреката, појадокот јади го сам, ручекот дели го со пријателот, а вечерата дај му ја на непријателот.
Еве ви една таква диета со која акцентот е на појадокот. Според авторката на книгата „Диета со обилен појадок“ од д-р Даниела Јакубовиц, трикот е во тоа кога јадете, а не што јадете. Таа смета дека ако изедете појадок од 610 до 850 калории пред 9 часот наутро, вашиот метаболизам ќе се забрза со искорисување на цикличните ритми на вашето тело. Овие ритми влијаат на хормоните, на тоа како вашето тело ги користи јаглегхидратите и протеините за гориво и коллку ефикасно се согоруваат телесните масти.
Со оваа диета на обилен појадок, за појадок можете да јадете каква сакате храна: сладолед, пица, крофни, но само ако ги јадете заедно со храна која е богата со протеини и влакна. Според Јакубовиц, ако го следите овој план, ќе изгубите до 5 килограми за 30 дена.
Калориите се поделени на следниот начин: 600 на појадокот, а останатите 600 се делат меѓу ручекот и вечерата.
Појадокот изгледа вака: 7 дози протеини ( од кои 2 дози млечни производи), 2 дози јаглехидрати, 2 дози масти и 1 доза благо.
За ручек се дозволени 3 дози протеини, 3 дози нискокалоричен зеленчук, 2 дози посладок зеленчук и 1 доза овошје.
Вечерата е ограничена на 0-3 дози протеини, неограничен број нискокалоричен зеленчук, 2 дози посладок зеленчук и 2 дози овошје.
Според д-р Јакобовиц, треба да појадувате 15 минути откако ќе станете, да ручате околу 2-3 часот, а да вечерате неколку часа подоцна. А што ако не сте гладни наутро? Ќе се прилагодите за неколку недели.
Иако експертите се согласни дека појадокот е најважниот оброк во денот, не е сигурно дека треба да биде изеден во точно определено време и дека треба да содржи половина од дневните калории. Затоа, ваше е да се обидете, зашто едно е сигурно, нема лоши ефекти од јадењето обилен појадок, особено ако тој содржи и интегрални продукти, овошје и зеленчук.
