Ќофтињата со брокула и пармезан се диетални, здрави и што е најважно вкусни.
ПОТРЕБНИ ПРОИЗВОДИ:
*1 брокула
*2 чешниња лук
*2 млади кромидчиња
*50гр рендан пармезан
*50гр рендан кашкавал
*2 лажици презла
*2 јајца
*црн пипер
*сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измијте ја брокулата и одвојте ги цветовите. Ставете ги во сад. Додадете ги ренданиот кашкавал, пармезанот, и ситно сецканиот млад кромид и лук. Посипете со лебни трошки, додадете ги јајцата измешани со црн пипер и сол и добро измешајте.
Нежно навлажнете ги рацете и оформете мали, лесно сплескани ќофтенца. Печете ги во рерна, во тава покриена со хартија за печење. Печете на 200степени, 6-7 минути.
