Убавина

До полни усни за само 30 секунди (видео)

Оние кои имаат мали и тенки усни посакуваат да имаат пополни, сочни усни. Па, еве еден одличен трик како лесно да дојдете до полни усни во три чекори.

Земете две нијанси на бои по избор на молив за усни (може и кармин, но моливот е попрецизен). Почнете прво по краевите на усните, па пополнете ги усните со посветлата нијанса.

Потемната нијанса на молив за усни нанесете ја во надворешните агли и на горниот и долниот раб на усните. Продолжете ја потемната линија до една третина на долната усна, прескокнувајќи ја средината.

Иситнете ги со прсти двете бои за да се соединат. Ако сакате дополнително да ја нагласите долната усна, додадете уште малку од посветлата нијанса на средината на долната усна и дополнително потемнете ги рабовите.

Видеото ве води чекор по чекор во постапката:

Напиши коментар