Cafe Del Mar

До витка линија – по природен пат !

Бидејќи здравјето е клучно и за виталноста и за добриот изглед…

Киселото донесува виткост – Ѕвездите како Бијонсе, преферираат диета на база на лимонада. Потребно: 2 лажици свежо цеден сок од лимон, 2 лажици сируп од јавор, малку лута пиперка и 500 милилитри вода. Оваа напивка, помага во преработката на масните киселини и ја подобрува работата на дигестивниот систем. Пијте го десет дена, најмалку по три чаши дневно. Резултати ??? Два до три килограми помаклу на секои десет дена…

Витка, благодарение на сонот – Доколку редовно спиеш, седум до осум часа, како што истакнуваат научниците, прекумерената тежина, значително ќе се намали. Иако е тешко да се утврди дали сонот слабее, следува оној совет, кој е навистина делотворен – после 19 часот, не јади ништо. Организмот навечер треба да спие, не да ја вари храната.

Време е за чај – Зелениот чај ги отстранува штетните материи од организмот и го ублажува зголеменото ниво на шеќер во крвта. Препорачуваме, четири седмици да го пиете пред и после оброкот. Всушност, тој го содржи единствениот антиоксиданс кој е помоќен од било кое средство за слабеење. Го спречува брзиот скок на шеќер во крвта, успорувајќи ја неговата апсорбција после оброкот, што го спречува наглото зголемување на нивото на инсулин во крвта кој доведува до создавање масни наслаги. Научните студии утврдиле дека луѓето кои пијат зелен чај имаат помали шанси да заболат од срцеви болести, некој облик на канцер и други болести, бидејќи тој е и тоа како силен антиоксиданс. Внимавајте и на квалитетот на чајот!!!

Напиши коментар