Мојата кујна

Домашен чоколаден крем

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 мл вода

300 гр шеќер

2 кесички ванилин шеќер

200 гр путер

200 гр млеко во прав

100 гр млечно чоколадо

100 гр бело чоколадо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во сад на оган ставете вода, шеќер и ванилин шеќер. Мешајте додека шеќерот не се растопи.

Додадете ја белата чоколада и мешајте додека не се стопи. Штом зоврие тргнете го садот од оган и оставете да се олади.

Во смесата додадете путер и млеко во прав.  Добро измешајте и поделете ја на два дела.

На пареа растопете ја чоколадата, па додајте ја во еден дел, а другиот дел оставете го бел.

Во тегла со лажица додавајте темна, па бела смеса или во исто време ставете ја од двете страни.

Write A Comment