ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Китка свеж босилeк
200 мл маслиново масло
2 чешниња лук
30гр индиски ореви
50гр рендан пармезан
Сол по избор
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Добро измијте го босилекот и ситно исецкајте го заедно со лукот. Потоа додадете ги состојките во блендер каде ќе ги ставите и индиските ореви и маслиновото масло. На крајот додадете пармезан и сол, по ваш избор.
Послужете во комбинација со тестенини или како намаз на брускети со моцарела и чери домати и чаша добро бело вино.
