Мојата кујна

Домашни хот-дог мумии

Состојки:

– 1 килограм меко брашно
– 40 г. свеж квасец
– пола лажичка сол
– 100 г. маргарин
– 1 јајце
– 100 мл. јогурт
– 400 мл. млака вода
– лажица масло
– жолчка за премачкување
– 10 виршли

Подготовка:

1. Стопете го маргаринот на тивок оган. Во 400 мл. млака вода растопете го квасецот, додадете ги солта, изматеното јајце, јогуртот, лажица масло, маргарин и брашно, па замесете тесто. Оставете да нарасне и два пати премесете.

2. Растегнатото тесто исечете го на повеќе тенки линии. Виршла по виршла замотувајте со тестото се додека не ги затворите од сите страни. Наредете ги на хартија натопена со масло, па секој од нив, премачкајте го со изматена жолчка.

3. Ставете ги да се печат во загрена рерна 30-на минути додека не заруменат. Послужете ги заедно со сенф или мајонез.

hot-dog-mummies-recipe

Напиши коментар