ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 и ¼ филџан топла вода
* 3 филџани брашно
* 1 пакетче сув квасец
* 1 и ½ лажица шеќер
* 1 лажица маслиново масло
* 2 лажици сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Во еден сад ставете ја топлата вода. Додадете го шеќерот и полека мешајте додека шеќерот на се стопи.
- Во водата со шеќер додадете го квасецот. Оставете ја смесата да отстои пет минути за да може квасецот да надојде. Кога смесата ќе нарасне, додадете ја мешавината од брашно и сол.
- Матете со миксер со најмала брзина околу две минути. Потоа ставете го миксерот на средна брзина и матете уште 5-6 минути. Додека го матите тестото додадете една лажичка маслиново масло.
- Земете еден посебен сад, ставете во него маслиново масло, така да го прекриете дното. Тестото обликувано во топка ставете го во тој сад и добро измачкајте го со маслиновото масло. Тестото покриете го и оставете го да отстои 30-45 минути.
- За тоа време тестото треба да нарасне дупло и не смее да се лепи. Извадете го тестото од садот, обликувајте го во саканиот облик и оставете го да отстои уште 30 минути.
- На крајот врз него ставете ги состојките кои ги сакате и печете на 220 степени 10-15 минути.