Мојата кујна

Домати полнети со фета сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

6 домати

1 лажица маслиново масло

¾ шолја издробено фета сирење

Насецкан свеж босилек и магданос

Сол и бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ги врвовите на доматите и со лажица издлабете ги.  Врвовите сочувајте ги на страна.

Измачкајте стаклен сад за печење со маслиново масло и доматите рамномерно распоредете ги.

Во посебен сад измешајте ги фета сирењето, босилекот и магданосот. Смесата ставете ја во доматите. Зачинете со сол и бибер и прелејте ги малку со маслиново масло.

Поклопете ги со врвовите кои на почетокот ги исековте и печете 10-на минути додека доматите не омекнат, а сирењето да се стопи.

Напиши коментар