Motherhood

Држете ги децата подалеку од телевизорот

Обрнете големо внимание на времето и содржината на телевизиските програми на кое е изложено вашето дете во текот на денот. На тој начин ќе придонесете за помирен сон на вашите деца. Ова е пораката која ја прати најновото истражување која се однесувала на детскиот сон. Children’s Research Institute од Сиетл откри дека проблемите со спиењето се поттикнати од неадекватните содржини на ТВ екраните и изложеноста на детето пред телевизор.

Во студијата биле вклучени 671 дете на возраст од 4 до 8 години. Родителите биле замолени да водат дневник за децата . Резултатите покажале дека децата просечно во денот гледаат по 73 минути телевизиски програми. Децата кои во својата соба имале телевезор гледале за 60 посто повеќе време од просечното и имале за дури 78 проценти полош сон од оние кои се движеле во просекот на дневно гледање на телевизија. Родителите во своите дневник ги запишувале сите недоследности. Имено кај 93 проценти од дневниците се забележале неколку елементи кои биле исти за сите деца кои го надминале просекот. Ноќните мори, непостојан сон, тешко будење, поспаност во текот на денот.

Children’s Research Institute дошол до неколку интересни резултати. Секој саат поминат пред телевизор доведува до лоши дури и нерешливи проблеми во развојот на детскиот мозок. Намалена интелигенција, послаби резултати на училиште, срамежливост, напнатост, хистерија биле најчестиот нус ефект при гледањето на телевизија.

Напиши коментар