Новости

Џенифер Анистон со јакна со криеше бремениот стомак?!

Последниве денови не стивнуваат гласините за бременоста на славната “Пријателка” Џенифер Анистон, која беше забележана минатата недела на романтичното патување на Бахамите со својот сопруг Џастин Теро, каде го покажа заоблениот стомак.

Но, нејзиниот портпарол после тоа откри дека актерката имала обилен ручек, и дека гласините не се точни.

Џастин и Џенифер се вратија овие денови во Њујорк, каде актерката повторно ги разгоре сомнежите, покривајќи го својот стомак со јакна и ташна.

Истовремено, нејзиниот згоден сопруг ги покажа мускулите во тесна маица со кратки ракави, како и подолгата брада која мора да признеме дека му стои одлично.

Само за потсетување, Џенифер и Џастин се запознаа за време на снимањето на комедијата “Tropic Thunder” во 2008 година, но врската ја започнаа три години подоцна. Парот се венча во 2015 година во тајност, во својата вила во Бел Ер, а никој од гостите не знаел дека доаѓа на свадба, туку мислеле дека се работи за забава по повод роденденот на Џастин.

Иако се шушкаше дека нивниот брак е во криза, како и дека Џастин само ја искористува популарната Џенифер за своите деловни потфати, изгледа дека тоа биле само грди гласини, а бебето е само круна на љубовта.

Во секој случај, некои тајни не можат да се кријат долго време, па за некој месец со сигурност ќе ја дознаеме вистината…

 

Напиши коментар