Sweet Home

Ѕирнете во најскапиот Пентхаус во Бостон

Најскапиот стан во новата Millennium кула во Бостон чини неверојатни 37,5 милиони долари.

Овој луксузен пентхаус се наоѓа на највисокиот кат од оваа кула која во моментов е во завршна фаза, а се наоѓа во самото срце на Бостон.

Оваа зграда свечено ќе биде отворена во текот на ова лето, а во неа ќе има 422 луксузни станови.

Луксузните станови во оваа кула ќе започнуваат од десетиот кат. Под нив ќе биде сместен ексклузивниот приватен клуб за станарите кој ќе се простира на две нивоа.

Градските резиденции ќе бидат сместени на просторот од десетиот до 32. кат, додека гранд резиденциите од 33. до 55. кат.

За пентаус апартманите резервиран е просторот од 56. до 60. кат и тие ќе имаат свое приватно лоби. Главната разлика меѓу гранд и пентхаус резиденциите ќе биде во нивната големина, при што гранд резиденциите нудат попростран план на просторот.

Исто така кулата „Millennium“ во Бостон ќе има и бројни луксузни погодности, како што е консиерж, бујни градини, врвен фитнес центар, приватен паркинг, игралиште за деца, базени и уште многу други…

Напиши коментар