По романтичниот одмор кој заедно го поминаа, Марко Јариќ и Адријана Лима накратко се разделиле. Српскиот спортист пристигнал во Белград, додека Лима останала во Америка со нивните ќерки Сиена и Валентина.
Обновената љубов на Марко и Адријана стана топ тема во медиумите, но сепак двојката се уште официјално не се огласува по ова прашање, но романтичните и нежни пораки кои ги разменуваат зборуваат повеќе.
Откако Марко на социјалните мрежи ги информирал пријателите дека пак е во родниот Белград, Адријана се огласила, посветувајќи му ги стиховите на моментно најпопуларната љубовна песна од Адел „Hello“.
Бразилската убавица на својот поранешен сопруг му напишала:
„Hello from the other side“.
Сите кои барем еднаш го слушнале овој хит, им е јасна пораката која сакала да му ја упати.
