Здраво тело

Едноставен и природен начин за прочистување на црниот дроб

Црниот дроб во нашиот организам учествува во процесот на обновување на крвта. Исто така помага во зајакнување и стимулација на варењето во организмот. Црниот дроб врши уште една важна функција: тој ја прочистува крвта и ги отстранува сите отрови и нечистотии надвор од неа. Оттука, јасно е дека црниот дроб е – здравје, виталност, енергија, добар изглед и добро расположение.

Најдобро средство за превенција на црниот дроб е неговото секојдневно прочистување.

Оваа едноставна процедура бара само неколку минути од вашето време.

За да го направите тоа, вие треба секое утро на празен стомак да испиете по една лажица маслиново масло измешано со една лажица сок од лимон. Тоа е тоа!

Маслиновото масло како ниту еден друг производ помага во отворањето на каналите на црниот дроб и жолчната кеса. Жолчката е активен учесник во процесот на варењето на храната, која го забрзува работењето на вашите црева. Истиот ефект врз варењето на храната го имаат лимонот и брусницата.

Корисните особини на лимонот се добро познати. Прво, лимонот е извонреден извор на витамин Ц. Второ, тој ефикасно ги чисти крвните садови од наслагите на холестеролот и помага во чистење на црниот дроб.

Маслиновото масло чувајте го на собна температура.

 

Напиши коментар