Ако сте дама која поминува повеќе време во кујна, тогаш веруваме дека ви е важно таа да биде организирана и уредна.
Со оглед на тоа дека едноставно животот е таков да немаме премногу време за да одвоиме на разно разни проекти, ви нудиме начин како да го уредите токму овој работен простор во домот за кратко време.
Прво нешто на што треба да посветите внимание се полиците и местата за складирање.
Особено ако имате мала кујна, максимално ќе го искористите просторот со изложување на состојките кои најмногу ги користиме, но тоа не значи да ја занемариме естетиката.
Наш предлог е сите состојки да ги ставите во стаклени тегли на кои претходно ќе ги испишете називите за полесно распознавање и да ги наредите на полиците.
Ова е мал проект за кој не ви е потребно ниту многу време ниту пари, а резултатот ќе биде ефектен и шик, а кујната ќе ја претворите во оаза во која готвењето ќе ви биде вистинско задоволство.